SPIELBERGER MUHLE / ОРГАНСКО ИНТЕГРАЛНО БРАШНО ОД ЕМЕР ПЧЕНИЦА - 500 ГР.

245 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4022381012799

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Брашно
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Spielberger Mühle
  • Дополнителни информации - Интегрално

Исто како и Ајнкорн или Камут пченицата, Емерот е една од најстарите пченици. Во мелницата Spielberger, зрното се меле во неколку чекори за да добиеме фино интегрално брашно, кое ги содржи сите вредни компоненти на зрното. Користете го органското интегрално брашно од Емер пченица за сите интегрални печива како што се интегрален леб, колачи или кифлички. Погодно е и за подготовка на вафли и палачинки.


- Вегански производ

- Содржи глутен


Наш рецепт: Леб од Емер пченица.

Начин на подготовка: 500 g Емер интегрално брашно, 350 ml вода, 20 g квасец, 10 g сол. Сите состојки се ставаат во сад, се замесува меко, мазно тесто и се остава да стаса на топло место околу 45 минути. Повторно се замесува убаво и се истура тестото во намрсена тава за леб. Оставете повторно да нарасне 30-40 минути. Загрејте ја рерната на 200 °C горната / долната полица од рерната и печете го лебот околу 50 минути. 


Состав: Интегрално брашно од Емер пченица** (древен вид пченица).

**од биодинамично земјоделско потекло

Овој производ не содржи вештачки ароми.


Складирање: Да се чува на ладно и суво место.


Алергенски состојки: Житариците што содржат глутен.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1430 kJ/341 kcal

Масти: 2,7 g

од кои заситени: 0,1 g

Јаглехидрати: 63,3 g

од кои шеќери: 3,3 g

Протеини: 10,8 g

Сол: 0,01 g


Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре